Брза баклава на грчки начин

Брза баклава на грчки начин

Рецепт за баклава на грчки начин која е вкусна и се топи во уста.

Состојки:

  • 2 пакувања кори за баклава
  • 250 гр. маргарин
  • 6 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја иситнети ореви
  • 1 кесе прашок за пециво
  • 3 шолји шеќер за шербет
  • 1 л. вода за шербет
  • 1-2 кеси ванила за шербет

Подготовка:

  1. Се топи пола маргарин во плехот во кој ќе правиме баклава, па се става едно пакување кори, сечени на траки.
  2. Се матат јајцата со брашно и се става шеќер и прашок за пециво, па се полеваат корите.
  3. Се ставаат сечените ореви, па другото пакување кори исечени исто така на траки.
  4. Се става втората половина растопен маргарин.
  5. Се пече на 200 степени на загреана рерна 40 минути.
  6. Се става вода со шеќер и ванила на оган

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед