Брзи и вкусни уштипци од рерна

Брзи и вкусни уштипци од рерна

Ова јадење се подготвува брзо и лесно, а идеално е да го послужите со јогурт, павлака или кечап.

Состојки:

  • 5 средни компири
  • 2 моркови
  • 150 гр гауда сирење
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • 2 јајца
  • 50 гр растопен пуер
  • 1 лажичка чили во прав
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 рамна лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте го сирењето и морковите. Магдоносот ситно исечкајте го. Компирите излуптете ги, изрендајте ги и ставете ги во студена вода. 
  2. Процедете ги компирите, па соединете ги со морковите, сирењето, магдоносот и јајцата. Додајте зачини (сол, чили, бибер), сè добро измешајте да се соедини. Растопете путер и него измешајте го во смесата. 
  3. Во плех обложен со хартија за печење, од смесата формирајте залаци од компир. 
  4. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Плехот ставете го прво долу, а потоа подигнете го во средината во рерната. 
  5. Испечените уштипци послужете ги со јогурт, павлака или кечап.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text