Путер кифлички без јајца и млеко – ќе мириса до соседното маало

Путер кифлички без јајца и млеко – ќе мириса до соседното маало

Направете меки кифлички од кои домот ќе замириса, а вкусни се топли и ладни.

Состојки:

  • 1 кг. брашно тип 400
  • 500 мл. вода
  • 1 коцка квасец
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 100 мл. масло
  • 250 гр. путер за горе
  • мајонез и сусам за горе

Подготовка:

  1. Во 200 милилитри топла вода се раствара квасец со една лажица шеќер и се остава да се активира.
  2. Во просејано брашно се ставаат две лажици шеќер и една сол, водата со квасец и 100 милилитри зејтин, па се меси тесто кое треба да е меко и да не се лепи.
  3. Се вадат топчиња, помали ако сакате помали кифлички, поголеми ако сакате покрупни.
  4. Се зема едно топче се развлекува малку и се мота кифличка.
  5. Се редат на плех со путер, оставете простор бидејќи нараснуваат.
  6. Нека одморат малку да нараснат и потоа премачкајте ги со мајонез и ставете сусам па печете ги на 220 степени додека не поруменат.
  7. Печените кифли прелијте ги со 250 грама растопен путер, на секоја кифла по две лажици.
  8. Нека се оладат и служете.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта