Колачиња со локум и пиво – повкусни од ванилици

Колачиња со локум и пиво – повкусни од ванилици

Направете вкусни колачиња со пиво и локум, вкусни и преубави.

Состојки:

  • 700 гр. брашно
  • 1 шолја пиво
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ½ шолји маслиново масло
  • 2 лажици прашок за пециво
  • 1 кутија локум

Подготовка:

  1. Се сее брашното во вангла и се прави вдлабнатина.
  2. Се става прашокот за пециво со шеќер и маслиновото масло со пиво.
  3. Мешаме додека не добиеме густа каша од која месиме тесто.
  4. Се развлекува тестото и се сечат коцки или кругови.
  5. На средина се става локум и се виткаат.
  6. Се ставаат сите на хартија за печење на плех и се печат 12 минути на 200 степени, чекаме да се оладат и горе ставаме шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

 

 

 

 

singlepost_text