Специјалитет на неделата: Сарми од зелка со сос од павлака

Специјалитет на неделата: Сарми од зелка со сос од павлака

Направете вкусни сарми со зелка и сос.

Состојки:

  • 12 листови зелка
  • 500 гр. мелено месо
  • 1 шолја ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 лажица доматно пире
  • црвен пипер и сол

Сос:

  • 250 мл. павлака за готвење
  • 2 јајца
  • 1 лажица брашно
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Во шерпа се става вода и околу 100 милилитри оцет. Се остава да зоврие.
  2. Се двои зелката, се ставаат во врелата вода по 3-4 минути.
  3. Се вадат, цедат и ладат.
  4. Се ставаат на тава 1-2 лажици масло и се пржи сечениот кромид со морков, се додава меленото месо кога ќе се запржи и оризот. Се додава и доматното пире и црвен пипер и сол.
  5. Се меша и трга од оган.
  6. Се шири еден лист зелка, се става фил и се замотува сарма.
  7. Така се прави со сите 12 листа, се редат на плех, се става вода околу 500 милилитри и се става фолија, па се пече на 200 степени еден час.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо