Посна пита со праз и ориз

Посна пита со праз и ориз

Вкусна пита за посните денови…

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 10 струка праз
  • 100 гр ориз
  • масло
  • сол
  • зачин
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Празот ситно исечкајте го, па пропржете го на малку масло додека не омекне. Оризот обварете го во солена вода. Исцедете го оризот, па измешајте го со праз и кратко пропржете. Зачинете по вкус. 
  2. Намастете го плехот, па редете ја питата: ставете 2 кори, премачкајте ги со масло, па со фил и така додека не го потрошите целиот материјал. Редењето завршете го со кора, премачкајте со масло и испечете. 
  3. Готовата пита пропрскајте ја со вода, покријте со сува крпа и оставете да се излади.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт