Брза кремаста салата од праз и пченка

Брза кремаста салата од праз и пченка

Брза, вкусна и неодолива салата која ќе стане дел од вашата празнична трпеза.

Кремастите салати се омилени за многумина, особено во време на слави и празници. Таква е и оваа салата. Брзо и лесно се подготвува, а може да се јаде и со леб за доручек или вечера.

Состојки (мерки по желба):

  • пченка
  • праз
  • шунка
  • мајонез
  • павлака
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Пченката сварете ја. Празот и шунката исечкајте ги ситно и измешајте ги со изладената пченка. Додајте мајонез, павлака и сол и сè добро измешајте.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство