Посен колач со ореви јаболки и гриз

Посен колач со ореви јаболки и гриз

Направете вкусен посен колач со гриз, јаболки и ореви.

Состојки:

  • 1 шолја гриз
  • 1 шолја брашно
  • 1,5 шолји шеќер
  • ½ кеси прашок за пециво
  • 1 лажиче цимет
  • 3 јаболки
  • 1 рака ореви
  • 1 лажица масло
  • 2 лажици сусам

Подготовка:

  1. Се земаат два сада, во еден се ставаат излупените јаболки кои ги рендаме.
  2. На јаболките им ставаме цимет и пуштаме да пуштат сок, па им додаваме масло.
  3. Во друг сад се ставаат сите останати состојки и се мешаат убаво.
  4. Се става на плех хартија за печење, се става сувата смеса, па онаа со јаболки, додека не се потрошат.
  5. Се завршува со јаболки и се ставаат ореви и сусам горе.
  6. Се пече околу 50 минути на 180 степени.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед