Посна пита од кисела зелка

Посна пита од кисела зелка

Брза и вкусна пита од кисела зелка за деновите на пост…

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 1 кг кисела зелка
  • 300 мл масло
  • 300 мл вода
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Зелката ситно исечкајте ја и ставете ја да се динста на масло и додајте вода. Кога зелката ќе биде мека, тргнете од шпорет и оставете да се излади. Ставете две кори, а потоа ред зелка, потоа две кори, па ред зелка и на крај свиткајте. 
  2. Постапката повторете ја и со останатите кори и зелка. Питата ставете ја во намастен плех и печете во загреана рерна на 180 степени 45 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text