Готова за миг: Брза пита со сирење и шунка

Готова за миг: Брза пита со сирење и шунка

Едноставно и брзо се подготвува, а количината кисели краставички и кисели пиперки можете да ја одредите по ваш вкус.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 250 гр ситно сирење
  • сечкана шунка Пекабеско (количина по желба)
  • сечкана црвена кисела пиперка (количина по желба)
  • сечкани кисели краставички (количина по желба)
  • 1 лажичка оригано

Начин на подготовка:

  1. Одвоено разматете белки и жолчки, па соединете ги.
  2. Додајте јогурт и масло, измешајте со лажица, потоа додајте сирење, брашно, прашок за печиво, сол, оригано, шунка, пиперка и краставички.
  3. Печете во намастен плех на 200 степени додека не порумени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text