Нова идеја за деликатес: Запечена брокула со павлака

Нова идеја за деликатес: Запечена брокула со павлака

Вкусен ручек со кој ќе се издвоите на трпезата од вообичаените ручеци.

Состојки:

  • 400 гр. брокула
  • 1 домат
  • 200 мл. павлака за готвење
  • 120 гр. кашкавал
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чешни лук
  • сол и вегета

Подготовка:

  1. Се вари кратко брокулата во солена вода, па веднаш се става во ледена вода.
  2. Се цеди и се реди во плех за печење, а над неа кругови домат.
  3. Се става сол и вегета, маслиново масло од горе и павлака.
  4. Се пече на 200 степени на загреана рерна 10 минути.
  5. Се вади пред да биде готово, се става кашкавал со лук ситнет и се остава уште додека не се растопи кашкавалот.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство