Полнета плескавица со кашкавал и пршута

Полнета плескавица со кашкавал и пршута

Плескавицата во комбинација со кашкавал и пршута е највкусна кога ќе биде подготвена на скара!

Состојки:

  • 1 кг месо за скара
  • 150 гр Пекабеско пршута
  • 150 гр кашкавал
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Месото за скара поделете го на четири дела, па од секој обликувајте по две топчиња и рачно истанчете ги. 
  2. На едно парче истанчено месо ставајте кашкавал, пршута, па повторно кашкавал. 
  3. Преклопете со друго парче месо, а краевите рачно соединете ги, па печете ги плескавиците на скара или на малку масло во тава додека не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо