Бела торта со само три јајца – не може да биде поевтина

Бела торта со само три јајца – не може да биде поевтина

Направете вкусна торта со ванила и џем од кајсии.

Состојки:

  • 250 гр. ореви
  • 250 гр. маргарин
  • 250 гр. шеќер
  • 250 гр. брашно
  • 1 жолчка
  • пекмез од кајсии

Фил:

  • 3 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 3-4 кеси ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Се мелат 250 грама ореви и се додава маргаринот со шеќер и брашно, како и една жолчка.
  2. Се меси тесто од овие состојки и се развлекува кора, се дели на два дела и се пече на одделни плехови.
  3. Се пече на 180 степени додека не порумени, па се премачкува со пекмез од кајсии, па потоа со фил од матени белки со шеќер и ванилин шеќер.
  4. Премачкајте ја со филот цела торта одозгора, а декорирајте по избор.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта