Сируп против кашлица од природни состојки

Сируп против кашлица од природни состојки

Сирупот е делотворен, тврдат оние кои го пробале, а во неговиот состав има само природни состојки.

Состојки:

  • 250 гр сиров мед
  • 60 мл маслиново масло
  • 3 лимони, исцедени

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во помало тенџере и загревајте ги на слаб оган додека сирупот не почне да испарува. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади. 
  2. Сирупот ставете го во помала тегла која добро ќе ја затворите. Можете да го чувате во фрижидер три месеци. Користете го по потреба. 
  3. На деца давајте им по три лажички дневно. Возрасни може да земаат по две лажици дневно. Пред употреба измешајте и загрејте.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко