Таа е царица на зимата: Мини пити со кисела зелка

Таа е царица на зимата: Мини пити со кисела зелка

Вкусна пита со кисела зелка која ќе ја спремите за кратко.

Состојки:

  • ½ главици кисела зелка
  • 2-3 чешни лук
  • 1 јајце
  • 200 мл. млеко
  • малку брашно
  • ½ кг. кори за пита
  • бибер и црвен пипер
  • масло

Подготовка:

  1. Се сече ситно зелката и се пржи на масло, се додава црвен пипер, бибер и ситнет лук.
  2. Се мати јајцето и се додава во млекото со малку брашно, сол, масло и се прави смеса како за палачинки.
  3. Ќе процените колку брашно треба според густината на смесата.
  4. Се шири една кора и се става масло, се прска со малку млеко, па се става зелка.
  5. Се витка кората.
  6. Се премачкува и горе со смесата со млеко и се става малку масло.
  7. Се редат корите во плех и се печат 30 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text