Проверен рецепт: Старински колачиња на маст (Видео)

Проверен рецепт: Старински колачиња на маст (Видео)

Старински колачиња кои сите ги обожаваат!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 150-20 гр шеќер
  • 200 гр маст
  • 400 гр брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • кора од лимон
  • 150 гр мелени ореви
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Пенасто разматете маст со шеќер, додајте јајца, кора од лимон, прашок за печиво и 1 ванилин шеќер и повторно добро разматете. 
  2. Додајте брашно и замесете тесто. Калапите премачкајте ги со масло или маст и посипете со брашно. 
  3. Во секој калап притиснете тесто, не премногу рамно. Ставете ги калапите во плех и печете на 180 степени 30 минути. 
  4. Вадете ги додека се врели, извалкајте ги во шеќер замирисан со ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text