Крцкаат а врз нив тече шербет: Домашни мини тулумби

Крцкаат а врз нив тече шербет: Домашни мини тулумби

Кој не сака вкусни и сочни тулумби?

Направете мини тулумби брзо и лесно дома.

Состојки:

  • 400 гр. брашно
  • 400 мл. вода
  • 150 мл. масло
  • 5 јајца
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • масло за пржење
  • 1 л. вода за шербет
  • 600 гр. шеќер за шербет
  • 2 лимони

Подготовка:

  1. Се ставаат водата, маслото и шеќерот да вријат на оган, а потоа кога ќе зоврие се трга смесата од шпорет и се става брашно, се меша, па се ставаат јајцата едно по едно.
  2. Се става смесата во калапи за тулумби или едноставно се прават форми.
  3. Се пржат на масло додека не добијат жолта боја.
  4. Се вари водата за шербет со шеќер и лимоните сечени, па се вари додека не се стопи шеќерот.
  5. Се ставаат врелите тулумби во ладниот шербет и се служи.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

singlepost_text