Туна во зеленчук

Туна во зеленчук

Брз, лесен и хранлив оброк…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 350 гр туна од конзерва
  • 2 домати исечкани на четвртини
  • 1 главица зелена салата
  • 130 мл винегрет сос
  • 1 главица црвен кромид
  • 150 гр зелена и жолта боранија
  • 2 лажици сечкан свеж босилек
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги јајцата во тенџере со студена вода, загрејте до вриење и гответе 10 минути на средна температура. Потоа исцедете, прелијте со студена вода, почекајте да се изладат, излупете и исечкајте ги на четвртини. 
  2. Во друго тенџере обварете зелена и жолта боранија, процедете и оставете да се излади. Во сад за салата измешајте исечкани домати, исчистена зелена салата, сечкан кромид, жолта и зелена боранија, туна и јајца. 
  3. Прелијте со винегрет сос, внимателно измешајте, посолете и побиберете, посипете со босилек и послужете со тост леб.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство