Кифли со сланина – домот ќе замириса, ќе се изедат веднаш

Кифли со сланина – домот ќе замириса, ќе се изедат веднаш

Направете вкусни кифлички со сланина.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 1 лажица кисела павлака
  • 1 лажица сув квасец
  • 200 мл. млеко млако
  • 70 мл. масло
  • 2 лажици прашок за пециво
  • 1 лажица сол
  • прстофат шеќер
  • сланина за полнење
  • сусам
  • 1 јајце

Подготовка:

  1. Се мати квасецот со топло млеко и со шеќер, па се остава десет минути, а откако ќе се активира се остава во сад со сите други состојки.
  2. Замесете тесто кое треба да биде меко, но не и лепливо.
  3. Нека стои 20 минути, па загрејте ја рерната на 200 степени.
  4. Изматете јајце и исечете сланина и земете сусам.
  5. Се дели тестото на три дела, секој се расукува и се сечат триаголници кои се полнат со сланина, па се виткаат во кифлички.
  6. Се премачкуваат со јајце и се става сусам и малку сол горе.
  7. Се пече 15 минути додека не добијат боја.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб