Италијански крокети

Италијански крокети

Неодоливи италијански крокети…

Состојки:

  • 150 гр ориз
  • 5 дл вода
  • 2 лажички суви зачини
  • 80 гр пармезан
  • 2 лажици магдонос
  • 1 јајце
  • 80 гр овесни снегулки
  • 5 лажици презла
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во врела вода ставете суви зачини и ориз, гответе на ниска температура 15 минути. Тргнете од рингла и оставете да се излади. Измешајте пармезан, магдонос, јајце и снегулки, па сè добро измешајте да добиете смеса за обликување. 
  2. Со влажни раце направете топчиња со саканата големина, извалкајте ги во презла и испржете во длабоко масло да добијат златно жолта нијанса. Извадете ги на кујнска хартија да се исцедат од масло. Сервирајте ги топли со доматен сос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт