Тесто кое не нараснува: Пица готова за 15 минути

Тесто кое не нараснува: Пица готова за 15 минути

Пица е омилено јадење на многумина. Ако сте многу гладни и не сакате да чекате тестото да нарасне, овој рецепт е идеален за вас.

Состојки:

  • 1 чаша јогурт
  • 2 чаши брашно
  • 2 лажици масло
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто од брашно, сол, прашок за печиво, масло и јогурт. Тестото веднаш развлечете го на побрашнета подлога, па ставете во плех. 
  2. Филувајте по желба, кечап, шунка, чадено месо, кашкавал, шампињони, зеленчук… 
  3. Ставете да се пече. Кога тестото ќе биде готово извадете и уживајте во вкусот на вашата омилена пица.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text