Мини куглоф колачиња со кокос, чоколадо и рум

Мини куглоф колачиња со кокос, чоколадо и рум

Направете куглоф колачиња со чоколадо и рум.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 200 гр. брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 1 дл. масло
  • 1 дл. млеко
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица инстант кафе
  • 1 лажица рум

 

Глазура:

  • 100 гр. чоколадо
  • 1 лажица масло

Подготовка:

  1. Се мешаат јајцата со шеќер и ванилин шеќер, па млеко и масло и кафе.
  2. Се растопува какаото во малку врела вода и се додава, заедно со румот.
  3. Се става и брашно во смесата и прашок за пециво, па се меша и се става во мали калапи и се пече 30 минути на 180 степени.
  4. Горе се става растопено чоколадо со една лажица масло.
  5. Може да си ставите и кокос за декорација.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text