Слатки залаци: Колач од палента и бадеми

Слатки залаци: Колач од палента и бадеми

Палентата обично ја јадеме како оброк или како додаток во солени јадења, но може да биде и главна состојка на десерти.

Состојки:

  • 220 гр омекнат путер
  • 125 гр шеќер во прав + 90 гр за сируп
  • 200 гр мелени бадеми
  • 120 гр палента
  • 1,5 лажичка прашок за печиво
  • 3 јајца
  • 100 мл сок од лимон
  • листови бадеми

Начин на подготовка:

  1. Измешајте бадеми, палента и прашок за печиво. Во друг сад разматете путер со шеќер и додајте едно по едно јајце. Со лажица измешајте ги и сувите состојки па ставете ја смесата во плех обложен со хартија за печење, по можност со пречник од 24 до 26 см и печете на 180 степени околу 40 минути. 
  2. Колачот е готов кога ќе почне да се одвојува од ѕидовите на плехот. Почекајте малку да се излади. 
  3. Измешајте сок од лимон и шеќер во прав и на слаб оган загрејте до вриење. Прелијте го колачот, посипете со листови бадеми и послужете кога целосно ќе се излади.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта