Вкусни пиперки полнети со сирење…
Состојки:
- 500 гр свежо кравјо сирење
- 100 гр горгонѕола
- 4 меснати црвени пиперки
- 1 јајце
- 1 лажица зачин
- 2 лажици маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Пиперките згответе ги околу пет минути во благо посолена вода па веднаш изладете со ладна вода. Пресечете ги по должина, исчистете ги од семки.
- Со миксер добро измешајте кравјо сирење со јајце, горгонѕола исечкана на ситни коцки и зачин. Распоредете сирење во пресечените пиперки и ставете во намастен огноотпорен сад. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути