Посни сарми повкусни од мрсни (Видео)

Посни сарми повкусни од мрсни (Видео)

Еве како да подготвите вкусни посни сарми…

Состојки:

  • 2 поголеми главици кромид
  • малку масло
  • 2 моркови
  • 1/2 мала шолја вода
  • 2 мали шолји ориз
  • зачини, вегета, сол, бибер, црвена пипер
  • 1 главица кисела зелка

Начин на подготовка:

  1. На малку масло издинстајте кромид и морков. Потоа додајте ориз и кога тоа ќе биде на половина зготвено, додајте вегета, сол, бибер, црвена пипер. Долијте малку вода доколку е многу суво. Уште малку продинстајте. 
  2. Кога филот ќе биде зготвен, земете листови зелка и два ставете на дното на садот. Потоа лист по лист ставајте на дланка, додавајте малку фил, свиткајте и ставајте во тенџерето. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите сите состојки. 
  3. Доколку ви остане фил ставете го преку сармите во тенџерето. Од горе можете да ставите уште неколку листови зелка, посолете ако е потребно. Потоа сè ставете да се готви. После 2 часа сармата би требало да биде готова.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула