Деликатес на денот: Полнети канелони

Деликатес на денот: Полнети канелони

Направете вкусен италијански специјалитет, полнети канелони.

Состојки:

  • 12 канелони
  • 1 л. доматно пире
  • 50 гр. пармезан
  • 250 гр. мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2-3 чешни лук
  • Оригано, босилек, магдонос, сол и бибер
  • 1 лажица брашно
  • 20 гр. путер
  • 4 лажици масло
  • 4 дл. вода
  • 1 јајце
  • 50 гр. презла

Подготовка:

  1. Се пржи за фил ситно сечениот кромид лук и магоднос, па се додава месото и зачини.
  2. Се става брашното со вода и се крчка се 15 минути.
  3. Се додава јајце и презла и половина пармезан.
  4. Се меша, смесата треба да е густа.
  5. Се премачкува огноотпорен сад со путер, се ставаат околу 300 милилитри сос од домати, се полнат канелоните со филот со месо и се редат, па се става врз нив остатокот од доматното пире и пармезанот кој остана.
  6. Се печат на 200 степени 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство