Мафини со кисела зелка – деликатесни залаци

Мафини со кисела зелка – деликатесни залаци

Направете мафини со зелка, идеални за зимата и ладното време.

Состојки:

  • 300 гр. кисела зелка сечена ситно
  • 2 лажички сол
  • ½ лажички бибер
  • 2 лажици масло
  • 200 гр. пченично брашно
  • 100 гр. пченкарно брашно
  • 2 јајца
  • 2 дл. јогурт
  • 150 гр. сирење фета
  • ½ кеси прашок за пециво

Подготовка:

  1. Се сече ситно киселата зелка и се става сол и бибер, па се динста 10 минути со 2 лажици вода на оган.
  2. Се мешаат двата вида брашно во сад, се става прашок за пециво и изматени јајца, масло,јогурт и иситнето сирење.
  3. Се става смесата во калапи за мафини, се става горе по една лажица зелка, малку сусам над зелката.
  4. Се пече 30 минути на 200 степени на претходно загреана рерна.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб