Брза и лесна подготовка: Посна овошна торта (Видео)

Брза и лесна подготовка: Посна овошна торта (Видео)

Вкусна торта која се прави брзо и лесно, а со својот вкус мами да земете парче повеќе.

Состојки:

  • 400 гр посни бисквити
  • 300 мл сок
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 200 гр желе бонбони
  • 5 крем бананчиња
  • 300 гр шлаг
  • 200 гр овошје (киви)

Начин на подготовка:

  1. Бисквитите издробете ги ситно. Кивите исчистете ги и исечкајте ги на коцки и додајте ги во бисквитите. Желето исто така исечкајте го на коцки, како и крем бананите и тоа додајте го во бисквитите. 
  2. Во бисквитите додајте и сок. Маргаринот измиксајте го со шеќер во прав пенасто. 
  3. Додајте бисквити и сè измешајте. Ставете во послужавник и добро изедначете. Од горе можете да украсите со шлаг или чоколадна глазура. 
  4. Оставете да преноќи во фрижидер и сечете по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта