Одличен посен колач: Медено срце

Одличен посен колач: Медено срце

Одличен колач, брзо се прави и навистина е меден, баш како медено срце.

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 4 лажици џем
  • 250 гр шеќер
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка цимет
  • 270 мл вода
  • 90 мл масло
  • 200 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200-220 степени. 
  2. Во голема чинија измешајте брашно, шеќер, прашок за печиво, сода, цимет, вода и масло. Додајте и 100 гр рендано чоколадо. Излејте во плех и печете 30-40 минути. 
  3. Додека колачот е врел, премачкајте го со џем. Кога ќе се излади прелијте го со уште 100 гр растопено чоколадо. 
  4. Дополнителен совет: Наместо рендано чоколадо, во колачот можете да ставите и неколку лажици џем. 
  5. Доколку не правите посна варијанта, водата можете да ја замените со млеко.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Верина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text