Топли пржени лепињи, повкусни од мекици – брз појадок за работниот ден

Топли пржени лепињи, повкусни од мекици – брз појадок за работниот ден

Направете вкусно топло предјадење со неверојатна арома.

Состојки:

  • ½ коцки квасец
  • 500 гр. брашно
  • 2 лажички шеќер
  • ½ кеси прашок за пециво
  • 1 лажиче сол
  • 3 дл. вода
  • масло за пржење

Подготовка:

  1. Во 1 децилитар топла вода се става шеќер и квасец и се остава да нарасне, па се додава и брашно и прашок за пециво, па остатокот вода.
  2. Се меси тесто.
  3. Се става масло во тепсија и се редат топчиња од тестото.
  4. Се превртуваат за да има масло од двете страни.
  5. Се оставаат половина час.
  6. Секој круг потоа со рацете малку се стиска, па се пржат лепињите на масло и се цедат потоа на салфета.

 

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб