Брза пита со печени пиперки – деликатес готов за 30 минути

Брза пита со печени пиперки – деликатес готов за 30 минути

Направете вкусна пита со печени пиперки, нов и вкусен деликатес.

Состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 3 јајца
  • 300 гр. сирење
  • 200 мл. неутрална павлака
  • 1 дл. масло
  • 1 шолја пченично брашно
  • 500 гр. печени пиперки
  • сол
  • малку сусам

Подготовка:

  1. Подготовката е следна: За фил се мешаат јајцата со сирењето изронето и масло, павлака, брашното и сол.
  2. Потоа, се земаат по три кори за еден ролат. Се премачкува првата кора со фил, се става и втората па се премачкува, па третата и се премачкува и се ставаат парчиња сечени пиперки.
  3. Се замотува ролат, така се прави со сите кори додека има кори и фил.
  4. Се ставаат во плех со хартија и се премачкуваат со останатиот фил, се става сусам и се печат на 200 степени 30 минути.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text