Триаголници полни сирење – евтини и лесни, сите состојки ги имате дома

Триаголници полни сирење – евтини и лесни, сите состојки ги имате дома

Направете богат и вкусен појадок со неколку намирници кои сите ги имаме во кујната.

Состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 1 шише јогурт
  • 4 јајца
  • 1 шолја масло
  • 500 гр. сирење
  • сол
  • сусам

Подготовка:

  1. Подготовката е едноставна. Се мати ронетото сирење со две јајца и се става сол, па така се прави фил.
  2. Се матат јогуртот со две јајца, масло и малку сол и со тоа се прави фил за премачкување кори.
  3. Се сечат корите со нож по средина, да се добијат помали кори, па се зема по една кора, се премачкува со смесата со јајца и јогурт, па се става фил. Се преклопуваат како триаголници.
  4. Горе ставете сусам и печете на загреана рерна во плех со хартија, на 200 степени околу 15 минути.
  5. Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб