Омиленото јадење од детството: Стар рецепт за цицвара

Омиленото јадење од детството: Стар рецепт за цицвара

Нашите баби често го правеле ова јадење. Едноставно, а превкусно!

Состојки:

  • 600 гр кравјо сирење
  • 200 гр козјо сирење
  • 200 гр кајмак
  • 3 дл вода
  • 3 дл млеко
  • 10 лажици пченкарно брашно (бело или жолто)

Начин на подготовка:

  1. Во чинија измешајте и издробете кравјо, козјо сирење и кајмак. 
  2. Во тенџере згответе млеко и вода, а потоа постепено додајте смеса од сирење и кајмак. 
  3. Мешајте без прекин наредните 15 минути додека водата не испари, а смесата не стане густа како тесто за палачинки. 
  4. Постепено додавајте лажица по лажица пченкарно брашно наредните 10 минути со непрекинато мешање до саканата густина. 
  5. Мешајте уште 15 минути додека смесата не се изедначи.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула