Кремаст прилог: Запечено пире од компири

Кремаст прилог: Запечено пире од компири

Испробајте го овој кремаст прилог, ќе го обожавате!

Состојки:

  • 2 кг компири
  • 250 мл кисела павлака Пекабела
  • 200 гр крем сирење
  • 1 лажица сол
  • 1/4 лажичка мелен бибер
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица растопен путер
  • 1/2 лажичка црвена пипер

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги компирите во солена вода, не повеќе од 20-тина минути. Измешајте кисела павлака, сирење, сол, бибер и исечкан лук, додајте компири и направете пире. 
  2. Кога ќе ја добиете саканата текстура, префрлете во сад за печење, прекријте со фолија и ставете во фрижидер на неколку часа. 
  3. Загрејте ја рерната на 180 степени. Прелијте путер преку компирите и посипете од горе малку пипер. 
  4. Печете околу 30 минути и веднаш послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text