Крем салата со тестенини и сусам – за ручек, слави и родендени, многу е евтина

Крем салата со тестенини и сусам – за ручек, слави и родендени, многу е евтина

Направете вкусна салата со тестенини која ќе ви се најде за секоја пригода.

Состојки:

  • 200 гр. макарони
  • 150 гр. маринирани шампињони
  • 3 кисели краставички
  • 1 лажица сусам
  • 2 лажици мајонез
  • 1 шолја павлака
  • сол

Подготовка:

  1. Се варат макароните на вообичаен начин во солена вода, па се цедат.
  2. Се сечат печурките со киселите краставички ситно на коцки, се пропржува сусамот на тава.
  3. Се мешаат во сад макароните со сусам, краставички и печурки, па се ставаат павлаката со мајонез и сол, како и зачини по избор.
  4. Се меша, лади и служи, декорирајте по избор.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство