Домашни кроасани од кои домот ќе мириса

Домашни кроасани од кои домот ќе мириса

Направете вкусни кроасани од кои цел дом ќе замириса.

Состојки:

  • 300 мл. млеко
  • 1 квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 јајце
  • 4 лажици масло
  • 550 гр. брашно
  • 250 гр. маргарин
  • сусам

Подготовка:

  1. Вкусни се и лесни, а домот ќе замириса. Се топи квасец во млакото млеко со лажиче шеќер и се остава да се активира.
  2. Се става во вангла брашно со сол, жолчка и масло, квасецот со млеко и се меша убаво.
  3. Се меси тесто и се дели на 6 дела.
  4. Се развлекуваат топчињата веднаш, не се чекаат да нараснат.
  5. Се става на првата развлечена топка од тесто растопен маргарин, па преку неа се става другата кора. Се става ак маргарин, па кора, се додека има кори, односно топчи од тесто.
  6. Шестата или последна само се развлекува и се става горе без маргарин.
  7. Сите заедно се развлекуваат во голема кора, се сечат и се прават кроасани.
  8. Се ставаат во плех со хартија и се премачкуваат со белка, се става сусам па се печат на 200 степени додека не поруменат.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб