Вкусен ручек – пилешки карабатаци полнети со спанаќ…
Состојки:
- 4 пилешки карабатаци
- 125 гр спанаќ
- 1 чешне лук
- 125 гр младо сирење
- 2 лажички рендан пармезан
- 1 лажичка ситно рендана кора од лимон
- прстофат мускатно оревче
- сос од домати
Начин на подготовка:
- Прво направете фил. Добро исцедете го спанаќот, ставете го во сад заедно со испасиран лук, сирење, пармезан, кора од лимон и мускатно оревче. Мешајте додека масата не се соедини.
- Со прсти раздвојте ја кожата од месото, почнувајќи од крајот. Ставете го филот под кожата на карабатаците.
- Во огноотпорен сад наредете го подготвеното пилешко, премачкајте со растопен путер и печете во рерна 35-40 минути на температура од 180 степени.
- Печеното јадење прелијте го со сос од домати и послужете.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо