Одлично мезе за слави: Бела салата со пченка (Видео)

Одлично мезе за слави: Бела салата со пченка (Видео)

Салата со пченка, идеален избор за лесно славско предјадење.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 200 гр кикирики
  • 200 гр мајонез
  • 200 гр кисела павлака
  • 400 гр пченка
  • 50 гр сусам

Начин на подготовка:

  1. Јајцата обварете ги, белките исечкајте ги, а жолчките издробете ги. Сусамот кратко пропржете го додека не добие кафеаво – златна боја и оставете да се излади. Кикириките ситно исечкајте ги.
  2. Во голема чинија соединете ги сите состојки и зачинете.

Добар апетит!

Деталите за подготовка поглендете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Верина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула