Кога еднаш ќе ја пробате постојано ќе ја правите…
Состојки:
- 800-900 гр брашно
- 200 мл млеко
- 200 гр кисело млеко
- 50 мл масло
- 1 лажица шеќер
- малку сол
- 20 гр квасец
Начин на подготовка:
- Растопете квасец во млака вода, додајте шеќер. Додајте млеко, кисело млеко, сол и брашно. Замесете глатко меко тесто и оставете го да нарасне. Отсечете дел од тестото, направете топка па развлечете правоаголник. Од уште една толкава топка направете округло долгунесто тесто па ставете го на развлеченото тесто на средина.
- Од двете страни засечете го тестото со нож на ленти па префрлете ги лентите една преку друга и плетете плетеница. Плетеницата ставете ја во круг во намастен плех околу рабовите на плехот.
- Направете 5 топчиња па ставете ги во средина. Развлечете 5 помали правоаголници, расечете ги на средина, провлечете го тестото низ расечениот дел и ставете помеѓу две топки тесто.
- Оставете ја погачата да нарасне, намачкајте ја со жолчка, посипете со сусам и крупна сол.
- Кога ќе нарасне, после 20 минути, печете на 180 степени околу 40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот