Пекарски кифлички без јајца и млеко – меки како душа и посни

Пекарски кифлички без јајца и млеко – меки како душа и посни

Направете пекарски кифлички без јајца и млеко, меки како душа и брзи и вкусни.

Состојки:

  • 1200 гр. брашно
  • 600 мл. кисела вода
  • 100 мл. млака вода
  • 200 мл. масло
  • 1 ½ лажички квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 3 лажици масло
  • 100 гр. маргарин

 

Подготовка:

  1. Во 100 милилитри млака вода се меша квасецот и се става шеќер и лажица брашно, па се остава да се активира.
  2. Се меша брашното со сол и му се става квасецот кога ќе нарасне, па минирална вода и масло, па се замесува тесто.
  3. Се премачкува со малку масло и се остава да нарасне.
  4. Се вадат топчиња и се расукуваат, се премачкуваат со маргарин и се редат на плех со масло.
  5. Се премачкуваат со малку масло и се оставаат кратко да нараснат, а потоа се печат на загреана рерна на 180 степени додека не поруменат.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб