Кифлички со фил по ваш избор – домот ќе мириса на пекара

Кифлички со фил по ваш избор – домот ќе мириса на пекара

Вкусни кифлички за појадок, вечера, додаток во ручекот или мезе.

Состојки:

  • 500 гр. брашно тип 400
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја масло
  • 1 квасец
  • ½ шолји јогурт
  • 2 лажички сол
  • ½ лажички шеќер
  • сусам

 

Подготовка:

  1. Се става брашното во вангла, а потоа сите останати состојки заедно.
  2. Се меша, па ќе ја видите текстурата. Ако ви е премеко тестото додадете уште брашно, ако ви е тврдо за ваш вкус, уште малку млеко или вода.
  3. Нека нарасне еден час, па ставете го на подбрашнета површина, премесете, поделете го на 4 дела, па вадете траки и мотајте кифлички.
  4. Може да им ставите фил по избор, а може да се и празни.
  5. Се премачкуваат со јајце, се ставаат на плех со хартија и се става сусам, па се печат на 200 степени додека не добијат убава боја.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб