Брза посна баклава – нема повкусен рецепт

Брза посна баклава – нема повкусен рецепт

Направете највкусна посна баклава за секој ден, за свечена трпеза или за кога ќе ви се пријаде нешто деликатесно, а благо.

Состојки:

  • 400 гр ореви
  • 1 кг и 100 гр шеќер
  • 3 реда посно чоколадо за готвење
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 800 мл вода
  • 1 портокал
  • 1 пакување кори за пита

Подготовка:

  1. Се мешаат мелените ореви со 100 гр шеќер изрендана чоколада и ванилин шеќер.
  2. Плех се мачка со масло, па се става кора, се попрскува со масло, па друга кора, па масло, па трета кора, а потоа фил.
  3. На секоја трета кора се става фил, постапката се повторува додека има кори и фил.
  4. Се става да се пече на 200 степени додека не порумени.
  5. За шербетот се става 1 кг шеќер во вода па порткалот.
  6. Се прелева баклавата.

 

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

singlepost_text