Торбички лиснати со јаболка – пакетчиња кои шират арома

Торбички лиснати со јаболка – пакетчиња кои шират арома

Направете лиснати корпички со јаболка кои се топат во уста.

Состојки:

  • 400 гр. лиснато тесто
  • 2 јаболки
  • 2 лажици лимонов сок
  • ½ лажички цимет
  • 4 лажици шеќер
  • 2 банани
  • 50 гр. стопен путер

Подготовка:

  1. Се одмрзнува лиснатото тесто и се загрева рерната на 200 степени, а јаболките се лупат и чистат, па сечат на коцки.
  2. Се мешаат јаболката со лимонов сок и цимет, па три лажици шеќер. Се лупат и бананите и се сечат и тие на коцки, а потоа се мешаат со јаболката.
  3. Се развлекува тестото се сече на 8 квадрати.
  4. Се премачкува секој квадрат со растопен маргарин и се става на средина на секој од смесата, па се преклопуваат краевите да дојде како торбичка, а потоа се премачкуваат со останатиот путер и се става шеќерот кој остана.
  5. Се ставаат на хартија за печење на плех и се печат 20 минути.
  6. Горе може да си ставите шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта