Караџорџеви шницли – ручек кој ќе го обожавате

Караџорџеви шницли – ручек кој ќе го обожавате

Гурмански ручек: Нема да одолеете…

Состојки:

  • 500 гр телешки шницли
  • 100 гр кајмак
  • 100 гр шунка
  • 2 јајца
  • сол
  • 70 гр лебни трошки
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Телешките шницли исчукајте ги и зачинете ги по желба. 
  2. На секоја шницла ставете шунка и лажичка кајмак. Свиткајте и добро прицврстете со чепкалки. 
  3. Извалкајте во разматени посолени јајца, потоа во лебни трошки и пржете во врело масло додека не поруменат. 
  4. После пржењето извадете ги чепкалките и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text