Полнети домати

Полнети домати

Полнети домати се наша денешна препорака.

Состојки:

  • 6-7 домати
  • 100 гр мелени лешници
  • 2-3 ситно рендани моркови
  • 1/2 рендан целер
  • 2 лажици зачин
  • 1/2 лажичка босилек
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги, исушете ги па внимателно издлабете ги доматите, така што надворешниот дел нема да се пробуши.
  2. Извадете ја внатрешноста, иситнете ја и измешајте ја со рендани моркови и целер. Во оваа смеса додајте мелени лешници и зачини, по потреба сол, па мешајќи соединете во компактна смеса.
  3. Полнете ги доматите со фил, наредете ги на листови зелена салата и послужете ги изладени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт