Брза и вкусна плазма торта за сите сетила.
Состојки:
- 300 гр. мелена плазма
- 375 гр. маргарин
- 390 гр. шеќер во прав
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 250 гр. мелени ореви
- 1 шолја сок од портокал
- 3 кеси шлаг
- ореви за горе
Подготовка:
- Се ставаат во сад 300 грама плазма со 125 грама растопен маргарин и 130 грама шеќер во прав, па 100 грама истопено чоколадо за готвење и сок од портокал.
- Се мати се убаво и се стега во фрижидер.
- Се мешаат потоа за втората кора 250 грама мелени ореви со 125 грама маргарин растопен, 130 грама шеќер во прав и малку сок од портокал.
- Се мати и се става во ладилник да се стегне.
- Се става првата кора на чинија, па се обликува по желба, се става втората кора, па се мати шлагот и се украсува со него тортата.
- Се ставаат горе малку исечени ореви.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта