Брзи и вкусни уштипци од мелено месо

Брзи и вкусни уштипци од мелено месо

Уштипците од месо се многу вкусни месни залаци. Брзо се подготвуваат и се совршен избор за вечера.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 веза лист магдонос
  • 150 гр брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 1 чаша павлака Пекабела
  • 100 мл јогурт
  • 2 јајца
  • вегета
  • сол
  • мелен бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и лукот, како и магдоност ситно исечкајте ги и измешајте ги со месо, брашно (во кое претходно сте ставиле прашок за печиво), павлака, јогурт, јајца, и зачини по вкус. Сè измешајте за масата да стане глатка.
  2. Вадете од месото со лажица и пржете во добро загреано масло додека не порумени.
  3. Послужете со салата или прилог по желба.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки