Домaшни мини погачи – тесто како од пекара

Домaшни мини погачи – тесто како од пекара

Направете домашни мини погачи од кои ќе има многу од една смеса.

Состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 200 мл. јогурт
  • 300 мл. топла вода
  • 100 мл. масло
  • 150 гр. маргарин
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 коцка квасец
  • 3 јајца и една жолчка
  • 1 белка за премачкување
  • 4 лажички сол
  • сусам

Подготовка:

  1. Јогуртот со 100 милилитри вода и квасец со лажиче шеќер се мешаат и се оставаат да се активираат.
  2. Се додаваат три јајца на кило брашно и една жолчка, па 200 милилитри топла вода и 100 милилитри масло, сол и квасецот.
  3. Се меси тесто и се остава да нарасне двојно.
  4. Се вади на подбрашнета површина, се дели на 4 дела, па се развлекуваат и се премачкуваат со растопен маргарин.
  5. Се редат развлечените теста едно преку друго во подмачкан плех и се сечат на коцки.
  6. Се премачкуваат со белка и се става сусам, па се печат на загреана рерна на 200 степени 25 минути.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана