Солени мафини со маслинки – од рерната ќе замириса опојно

Солени мафини со маслинки – од рерната ќе замириса опојно

Направете вкусни солени мафини со маслинки за појадок или вечера.

Состојки:

  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 шолја овесно брашно
  • 1 шолја овесни снегулки
  • 1 шолја кисела вода
  • 3 јајца
  • 150 гр. сирење
  • 15 зелени маслинки сечени
  • 1 лажиче сол
  • ½ прашок за пециво

Подготовка:

  1. Се ставаат белките во сад со жолчките и се додава кисела вода, двата вида брашно и овесните снегулки со прашок за пециво и сол.
  2. Се меша се убаво да се соедини, па се става ронето сирење и маслинки.
  3. Се става се во подмачкан плех за мафини и се печат на 200 степени 30 минути.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана