Колачиња со портокал и чоколадо – подобри од ресана

Колачиња со портокал и чоколадо – подобри од ресана

Направете вкусни колачиња со портокал.

Состојки:

  • 100 гр. интегрално брашно
  • 50 гр. бело брашно
  • 50 гр. бадеми
  • 50 гр. мед
  • 50 мл. масло
  • 1 портокал сок
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • кора од 2 портокали рендана

Подготовка:

  1. Се мешаат двата вида брашно, се додаваат мелени бадеми и мед со масло.
  2. Се става сок од портокал и се меша, па се остава тестото 10 минути.
  3. Се прават топчиња и се стискаат малку со палецот, па се редат на плех со хартија и се печат на загреана рерна на 200 степени 15 минути.
  4. Се ладат потоа.
  5. Се топи чоколадото со рендана кора од портокал и се полнат колачите.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта